Конференцијата за свесно родителство 2023 заврши

Online Конференција за

Свесно Pодителство 2023

Добијте поддршка за вашето родителство!

Што кажаа родителите за 2022 конференцијата

Не можам а да не кажам колку добар проект сте осмислиле. Секоја чест! Секој одбран гостин предавач е полн погодок.

Браво! Мислам дека оваа конференција е нешто највредно и најважно што сме имале до сега!

Многу ми се допаѓа конференцијата за свесно родителство и секоја чест за иницијативата. Одговоривте на многу прашања и табу теми.

Прекрасна конференција. Многу ми е жал што заврши, некако овие две недели како во магичен родителски свет живеев, свет во кој научив многу нови нешта.

Конференцијата е нешто предобро, нешто што и треба на секоја мајка. Благодарна за се што слушнав и секој ден со нетрпение го очекувам новото предавање. Честитки за успехот и за освестување на многу родители.

Никогаш повеќе нема да бидеме исти после овие две недели. Долго време работа на себе и ваквите случувања ми даваат надеж дека можеби еден ден децата ќе ги оставиме во малку подобар свет.

Конференција 2022

Повеќе од 1700 родители веќе открија како да бидат посмирени и посамоуверени со стратегиите и упатствата кои беа споделени на Конференцијата за свесно родителство 2022 и 2023. Ова беа предавањата кои се одржаа на претходните конференции.

Кои сме ние?

Катерина Љамова Богоевска

Главен организатор и основач

Здраво, јас сум Катерина. Јас сум основачот на NGO GROW , каде нашата мисија е да обезбедиме што повеќе деца и возрасни со вештини за добросостојба. Исто така сум и мајка на две прекрасни, љубопитни момчиња, кои секојдневно ме предизвикуваат да ги гледам нештата од нова перспектива.


Моја желба е да имам влијание врз општествени промени и веќе 7 години го користам мојот Инстаграм профил за таа намена. Дополнително, последните 2 години, преку невладината организација GROW сакам да дадам поддршка на родителите во совладување на животни предизвици, личен развој и едукација.


Се надевам дека ќе ни се придружите на Конференцијата за свесно родителство, каде што ги обединуваме најреномираните експерти од областа на родителството во Македонија, да ни помогнат во подобрување на комуникацијата, разбирањето, и поврзувањето на нашите семејства и пошироко!

Најчесто поставувани прашања

Кога ќе се одржи новата конференција?

Конференцијата за свесно родителство ќе се одржи од 20.09. до 24.09.2024

Дали можам да ги купам снимките од ланската конференција?

Да, креиравме специјална понуда која ја вклучува Конференцијата 2024 + снимките од Конференцијата 2022 + 2023. Можете да ја видите во опциите за плаќање.

Каде ќе се одржува конференцијата?

Конференцијата ќе се одржува целосно онлајн на платформата www.roditelstvo.mk

Имам проблем со купување на билетот. Дали можете да ми помогнете?
Не можам да ги следам сите предавања во живо. Дали ќе ги добиеме снимките од предавањата?

Да, сите снимки од предавањата ќе бидат поставени на платфoрмата, по завршувањето на секое предавање, а сите учесници на коnференцијата ќе можат со најавување на својот кориснички профил да ги гледаат пропуштените снимки на платформата www.roditelstvo.mk