Конференцијата за свесно родителство 2023 заврши
Online Конференција за
Свесно Pодителство 2023
Добијте поддршка за вашето родителство!
Станете смирен, самоуверен, родител каков што
отсекогаш сте сакале да бидете
Дали сакате да го трансформирате вашето родителско искуство?
Отклучете го целосниот потенцијал на вашето дете преку
подготовка на самиот себеси
Дали сакате помирен дом со среќни, одговорни, независни, грижливи деца?
Конференцијата за Свесно Родителство е 100% во живо, креирана со цел сите родители да можат да си дозволат едукација за свесно родителство, а со тоа да влијаеме на прекинување на старите циклуси на родителување.
Со едукација на една цела генерација родители, инвестираме не само во родителите туку и во цела една генерација на деца, но и многу генерации по нив.
Без разлика дали сте нов родител, самохран татко, имате 4 или само 1 дете оваа конференција ке ви понуди стратегии за секое ниво од патувањето наречено родителство, но и решенија за секој предизвик на патот.
Програма и предавачи
Предавањата на конференцијата се пренесуваат онлајн, во живо во текот на пет дена. Со купување на билетот вие ќе имате пристап до сите предавања во живо и снимки од истите по конференцијата.
Придружете ни се за да научите како да се грижиме за себеси, што значи позитивна комуникација родител-дете и зошто е важно да се знае развојот на детскиот мозок.
Maya MJ
Грижата за себе како основна вештина во родителството
Христина Стефановска
Како да разговарате со децата, за да бидете слушнати?
Анѓела Срезоска Гонсалвес
Дали децата манипулираат со нас?
Ќе стекнете знаење за тоа како мајчинството е двигател на промени, како да ја отклучите самодовербата кај вашето дете и што подразбира правилна употреба на социјални мрежи/ социјални медиуми.
Моника Зец Медуњанин
Мајчинството како двигател на промени
м-р Ана Салтирова Давидовски
Отклучете ја самодовербата кај вашето дете
м-р Николина Петровска
Социјални медиуми и родителство
Третиот ден ќе биде фокусиран на тоа како да поставите граници со семејството и фамилијата, која е разликата помеѓу традиционалниот и Онлајн булинг и кои конкретни техники да ги употребите за добивање соработка со детето.
м-р Елена Џебр
Граници во родителството– со себе, со семејството и со светот
Сара Георгиевска
Родителство во ера на булинг – традиционално vs Cyber булинг и што сега?
д-р Соња Китановска-Кимовска
Разбуди го родителот во себе:
Kако до подобра соработка со детето?
Креирање на рутини и ритуали за подобар ноќен сон, како да станеме свесен родител на нашите деца/детето во нас, што е тоа финансиска едукација се дел од прашањата на кои ќе добиете одговор во овој ден.
Сања Ѓорѓева
Здрав сон и проспани ноќи како основа за здраво и среќно семејство
Кристина Дескоски
Моето дете е мој гуру!
Сања Трајкоски
Преку игра до финансиска едукација
Овој ден ќе се фокусира на стекнување знаење за управување со емоции и развивање емпатија кај децата и прифаќање на живот со дете со здраствени предизвици.
Maya MJ
Прифаќање на патот: Моќта на прифаќањето во родителството на деца со здравствени предизвици
Елена Граматикова
Негување на емоционалната интелигенција кај децата: Разбирање и регулација на емоциите
Леа Ризаова
Развивање на емпатија и љубезност кај децата
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
Конференција 2023 + 2022
+
БОНУС:
Конференција 2023
БОНУС:
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
Конференција 2023 + 2022
+
БОНУС:
Што кажаа родителите за 2022 конференцијата
Не можам а да не кажам колку добар проект сте осмислиле. Секоја чест! Секој одбран гостин предавач е полн погодок.
Браво! Мислам дека оваа конференција е нешто највредно и најважно што сме имале до сега!
Многу ми се допаѓа конференцијата за свесно родителство и секоја чест за иницијативата. Одговоривте на многу прашања и табу теми.
Прекрасна конференција. Многу ми е жал што заврши, некако овие две недели како во магичен родителски свет живеев, свет во кој научив многу нови нешта.
Конференцијата е нешто предобро, нешто што и треба на секоја мајка. Благодарна за се што слушнав и секој ден со нетрпение го очекувам новото предавање. Честитки за успехот и за освестување на многу родители.
Никогаш повеќе нема да бидеме исти после овие две недели. Долго време работа на себе и ваквите случувања ми даваат надеж дека можеби еден ден децата ќе ги оставиме во малку подобар свет.
Конференција 2022
Повеќе од 700 родители веќе открија како да бидат посмирени и посамоуверени со стратегиите и упатствата кои беа споделени на Конференцијата за свесно родителство 2022. Ова беа предавањата кои се одржаа на ланската конференција.
Кои сме ние?
Катерина Љамова Богоевска
Главен организатор и основач
Здраво, јас сум Катерина. Јас сум основачот на NGO GROW , каде нашата мисија е да обезбедиме што повеќе деца и возрасни со вештини за добросостојба. Исто така сум и мајка на две прекрасни, љубопитни момчиња, кои секојдневно ме предизвикуваат да ги гледам нештата од нова перспектива.
Моја желба е да имам влијание врз општествени промени и веќе 7 години го користам мојот Инстаграм профил за таа намена. Дополнително, последните 2 години, преку невладината организација GROW сакам да дадам поддршка на родителите во совладување на животни предизвици, личен развој и едукација.
Се надевам дека ќе ни се придружите на Конференцијата за свесно родителство, каде што ги обединуваме најреномираните експерти од областа на родителството во Македонија, да ни помогнат во подобрување на комуникацијата, разбирањето, и поврзувањето на нашите семејства и пошироко!
Анѓела & Фернандо Гонсалвес
Ко-организатори
Здраво, ние сме Анѓела и Фернандо, ко-организатори на Конференцијата за свесно родителство 2023. Родители на Татиана, која има 2.5 години на која сме пресреќни што не избра наш нас за нејзини родители.
Верувајќи во родителство со почит двајцата се стремиме да оставиме подобар свет зад себе. Поради тоа голема чест и задоволство ни беше да сме дел од овогодинешната конференција која нуди многубројни можнисти за полесно родителство и поедуцирани родители. Сето тоа со уште поголема цел кон посреќни, понезависни и поуспешни деца.
Ве покануваме да ни се приклучите во ова патување кон посвесни родители со тоа што ќе бидете дел од Конференцијата за свесно родителство 2023.
Најчесто поставувани прашања
Конференцијата за свесно родителство ќе се одржи од 20.09. до 24.09.2023
Да, креиравме специјална понуда која ја вклучува Конференцијата 2023 + снимките од Конференцијата 2022. Можете да ја видите во опциите за плаќање.
Конференцијата ќе се одржува целосно онлајн на платформата www.roditelstvo.mk
Да, сите снимки од предавањата ќе бидат поставени на платфoрмата, по завршувањето на секое предавање, а сите учесници на коnференцијата ќе можат со најавување на својот кориснички профил да ги гледаат пропуштените снимки на платформата www.roditelstvo.mk
NGO GROW e организација која има за цел подигнување на свест и поддршка на родители во совладување на животни предизвици, личен развој, едукација затоа што среќен и исполнет родител е еднакво на среќни и исполнети деца, а во иднина среќни, исполнети и остварени возрасни.